www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maр 28, 2024 8:25 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 17, 2015 7:05 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Не најдов ваква тема, па ај јас да ја отворам.

Ме интересира нешто во врска со лидерот.
Со пократо лидер подобро фрлам и попрецизен сум.
Што ако користам пократок лидер, кои се лошите моменти со тоа?

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Сеп 15, 2016 8:57 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Повеќе ја плашиш рибата, што е поблиску шнурот, при пад во водата прави поголема бука. Затоа на побистри реки се користат лидери од минимум 3 метри, а на некои рекички каде што рибата е многу попретпазлива се лови и со лидери од 5-6 метри.

Со тек на времето ќе научиш да фрлаш со сува и со 4 метри лидер онаму каде што е потребно во даден момент :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 07, 2017 5:07 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСаб Oкт 15, 2016 2:01 pm
МислењаCOLON25
После три риболова ми треба некој совет од поискусните. Инаку, земав еден музејски експонат и отидов на Вардар да вежбам.

[ img ]

Незнаев дека за почеток нема потреба од мушички и така пет или шест ги снема одлетаа :hit_head:

Пак седнав и читав. Важно било шњурот да паѓа праволиниски и прецизноста. Трската во рака и пак на река, овојпат без подвез. После полсаат 40-тина минути тренинг успеавав праволиниски да фрлам. 4-5 фрлања добри, а 1-2 лошо. А за прецизноста не бев ни блиску до она што го нишанев. Далечината не ми беше воопшто важна па така си фрлав пред мене.
Третиот пат ставив подвез флуорокарбон 0.16 , си одбрав место и почнав да мафтам.


[ img ]

После еден час тренирање конецот беше целиот разресен


[ img ]

Најверојатно уште е рано за мушичка, а риба догодина :kompir:

Дали само тренинг и упорност е доволна или системот ми е "тапа" и треба нешто да сменам?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 07, 2017 7:58 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
За добро зафрлување е потребен тренинг. И тоа не два викенда, туку малку подолго.
За добро да зафрлиш, лидерот треба да ти биде конусен и правилно споен со шнурот, а не врзан на шнурот. Трската ти е стара, но може да послужи, посебно за сува мушица, овие трски се меки и убаво зафрлуваат. Прашање е во каква состојба ти е шнурот. Ако е многу крут и оштетен, ич не пробувај со него.

Убаво е некој поискусен да ти го склопи системот за почеток и да ти ги покаже основите. Може да се договориме деновиве, да ти одржиме една едукација некаде, ако си расположен да ја учиш оваа техника.

Се сеќавам кога јас прв пат земав мушичарка и отидов на Треска да пробам да фрлам, имав се купено, но не знаев како точно да го спојам. Марјан, кој ме научи да мушичарам, ми рече “ајде склопувај, што чекаш“. Се сеќавам, мојот одговор беше “немам лаптоп, помагај“ :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 07, 2017 3:21 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСаб Oкт 15, 2016 2:01 pm
МислењаCOLON25
Мислам дека кај FF многу е потешко теоријата да ја реализираш во пракса за разлика од другите начини на рибарење особено ако немаш никој да ти покаже и укаже што е правилно а што погрешно. Кој е добар шнур, а кој не чини и многу други работи. Ајде ако некој е расположен да го "изгуби" денот во објаснување и подучување нека пише да се организираме.
Да го искористам постов да прашам кој има вишок комплет за мушичарење да ми понуди. За почетник и половен мислам дека ќе ми заврши работа да не се залетувам одма ;)


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum