www.ribar.com.mk
https://ribar.com.mk/forum/

Мушичарски Државен куп 2015
https://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=119&t=5494
Страна 2124

АвторCOLON  Филип [Вто Aпр 07, 2015 11:19 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичарски Државен куп 2015

Така е Столе :)

На пример, Јулио и Емил ловеа речиси на исти мушици. Разликата беше во умешноста на пласирањето на мушиците, во начинот на повлекувањето и изборот на позициите. Резултатот е познат.
Или Драги кој ловеше на "partridge and orange"... Мене (а и на добар дел од мушичарите кои беа таму и кои имаат многу повеќе искуство на река) ни на крај памет не би ми паднало да ловам на таа мушица, па уште и да ја влечам по површина и во воден филм, да ја парам водата... Тоа на река би значело дека никад нема да видам риба. Тука тоа наизглед лудо водење на мушицата даде одличен резултат. Кон крајот на натпреварот по совет на Марјан, фрлав со бумбар на површина и го влечев да ја пара површината на водата и така ги уловив двете последни риби за кратко време. Да ми текнеше таква луда работа на почетокот, можда ќе имав 30 уловени риби, кој знае :D
Затоа викам дека победниците имаа одлична тактика и одлични мушици и не случајно се победници :~~

А шутовите нека си пишуваат, никој не им брани, ама нека не омаловажуваат неосновано и без да размислат. Да беше ова базен, ќе фатеа риба и Емил со истите мушици како Јулио, Даре и Кременадла... Да беше базен Илија со стримерите ќе ги растуреше, а Цакуле масакр ќе ги направеше со своите преубави гамаруси...

АвторCOLON  Филип [Вто Aпр 07, 2015 1:25 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичарски Државен куп 2015

Вкупно уловени биле 67 пастрмки во неделата :lepi:

Еве детално по човек:

СТАРТНА ЛИСТА ПО НАТПРЕВАРУВАЧ

АвторCOLON  Филип [Вто Aпр 07, 2015 1:26 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичарски Државен куп 2015

Драги, бекни нешто :howitz: :D

АвторCOLON  Flyer [Вто Aпр 07, 2015 2:31 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичарски Државен куп 2015

Здраво на сите! Ај пошто сум повикан, да напишам два три збора. Најпрво честитки за организацијата на натпреварот, се надевам дека интересот за овој вид спорт ќе расте во иднина. Што се однесува на текот на натпреварот во неделата, далеку беше од тоа дека се ловеше во базен со калифорниска пастрмка за продажба. Имено езерото во шум не е класичен базен за риба туку езеро во кое рибата ретко се храни со вештачка храна и тоа во многу мали количини.
На почетокот на натпреварот рибата работеше под површината се до дождот, после тоа имаше многу слаба активност горе, мислам дека се повлече кон средината на езерото. Почетокот го почнав со класична мокра мушичка (partridge&orange) на C49S Mustad бр.14. Имав само 4 такви мушички. Откога се оштетија што од забите на пастрмките што од прстиве мои, почнав да менувам мушици и имаше период од еден час кај што не чепна ништо. Пробав на мартовки, кирономиди, имитација на мајска нимфа, гамарус и ниту еден удар.Тек кон крајот на натпреварот имав 3 риби на фазанов опаш нимфа. Последната риба нападна само што падна нимфата на вода.
Така да беше доста интересно да се лови таму. Освен се разбира дека река на 20 километри настрана од секаква цивилизација би пружила далеку поголем одмор за очите. Се на се, кој мисли дека е лесно да се улови риба таму слободно може да појде и да се изналови :)))
Бистро на сите!

АвторCOLON  emil.matoski [Вто Aпр 07, 2015 2:40 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичарски Државен куп 2015

Dragi, edno e da odis sam, taka i jas se iznaloviv :) .... ama neka dojde na natprevar koga od guzvata pokraj voda ribata stanuva plasliva, togas da vidam dali ke se iznalovi ako ne go poznava toj nacin na ribolov.

АвторCOLON  Филип [Вто Aпр 07, 2015 2:45 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичарски Државен куп 2015

Имаше еден момент, јас фрлам кај десниот истек на езерото, а Ашим доаѓа карши мене, се наведнува над водата кај што фрлам и ми вика, тука фрлај, има риби :mrgreen: :hit_head: :mrgreen: :hit_head:
Нормално, сменив позиција :D

АвторCOLON  Flyer [Вто Aпр 07, 2015 2:48 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичарски Државен куп 2015

А имаше и момент кога од блиската кафана со максимум бас рокнаа музика така да и ларвите се скрија низ камењата :lol:

АвторCOLON  Филип [Вто Aпр 07, 2015 2:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичарски Државен куп 2015

Абе не им смета музика, базен е тоа, на све се вади риба, дури и празна јадица да фрлиш, ќе извадиш :D :hit_head:

АвторCOLON  spiro_jas [Вто Aпр 07, 2015 10:57 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичарски Државен куп 2015

не се јас бунтовам за победниците и за нивните тактики --ЧИТАЈТЕ БРЕ МАЛЦЕ
-тој што знае ке фати секаде риба и тие си добија заслужено честитки и нај малце се виновни за организацијата на НАТПРЕВАРОТ

ДА вака се организира натпревар во на пример соседните држави каде добро знаат што и како значи оваа дисциплина двајца нема да ви се пријават да мушичарат -- алооо

тука ви зборувам за сосема друго нештоо -- станува збор околу организацијата
- најдете ми еден куп насловен со НАТПРЕВАР ДРЖАВЕН -- што е организиран според вакви услови и ваков правилник

И ПРЕСТАНЕТЕ да се прајте мутави со сила и да подржувате вакви органиации со фелер, неусогласени со правилник за НАТПРЕВАР како треба да биде по минимум стандарди за ваков тип на организација

терајте како знаете и умеете -- ама еден ден ке мора да дојдете на мојот муабет сега што ви го кажувам, не се работи само кој поке риба ке фати, кога ке се отиде надвор(на пример на балканско) и кога ке застанете до вистински мушичари тогаш ке ви стане јасно многу од ова што ви пишувам


само уште да им заблагодарам на експертите погоре за искажаните епитети.

АвторCOLON  Филип [Сре Aпр 08, 2015 8:21 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Мушичарски Државен куп 2015

Битно е од некаде да се почне, за промена. До лани, кога беше направен првиот државен мушичарски куп, на никој во федерација никогаш не му падна на памет да организира нешто за мушичарите. Ова е само чекор напред во однос на мушичарството во Македонија :lepi:
Здравје, со интерес и желба на сите мушичари, следната година ќе пробаме да организираме мушичарска лига во 3 кола, доколку има доволно заинтересирани. 2 кола на река, 1 коло на езеро. Идеите се крчкаат во позадина, поддршката е присутна, па ако успееме ќе биде уште еден чекор напред.
И најбитно од се е оние кои тоа не го оддржуваат или им пречи, не само ти, туку и сите други кои мрчеле за вакви работи, да си го сочуваат тоа за себе, да не омаловажуваат нечии напори за напредок во мушичарењето и да не се исмејуваат со организација на мушичарски купови кои никогаш порано не биле организирани. И наместо да ги омаловажуваат туѓите напори, нека се погледнат себеси и нека се запрашаат што тие сториле за напредокот на некоја запоставена дисциплина во Македонија.

И за крај да те цитирам..
spiro_jas НапишиCOLON
...кога ке се отиде надвор(на пример на балканско) и кога ке застанете до вистински мушичари тогаш ке ви стане јасно многу од ова што ви пишувам
Лани беше екипа од Македонија на тоа балканско и стоеја до “вистински“ мушичари и одлично се носеа со нив :lepi: И годинава ќе отидат некои “лажни“ мушичари од Македонија на балканско да се натпреваруваат со “вистински“ мушичари и повторно ќе се покажат во добро светло! Уосталом, како ќе се стекне искуство на меѓународни натпревари против “вистински“ мушичари, ако не се оди да се натпреварува ;)

Страна 2124 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/