www.ribar.com.mk
https://ribar.com.mk/forum/

Дали сте знаеле дека :
https://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=114&t=2042
Страна 11

АвторCOLON  saso [Сре Maј 02, 2012 11:50 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Дали сте знаеле дека :

[ img ]

Esox lucius е единствениот застапник на нашите простори од оваа фамилија на Esocidae. Во целиот свет постојат уште пет негови блиски роднини.

[ img ]

Досега најголемата докажана старост на една штука е 30 години. Растот на штуката најмногу зависи од застапеноста на нивната храна во водата во која живеат но се смета дека должини од 150 цм се сосема реални. Светскиот IGFA рекорд е точно 25 кг. и фатен е во 1986 година од страна на Лотар Лоуис во Германија.

[ img ]

Oчите на штуката не се поставени на страните, како кај останатите видови на слатководни риби туку се поставени нанапред. Со тоа штуката има, барем теоретски, поголем опсег на гледање од останатите. Гледа и одлично го осеќа пленот па затоа во услови на добра видливост треба да сепрезентираат природни мамци и мамци кој наликуваат на нејзината храна.
Доколку површината на водата е разбранувана, способноста на штуката убаво да гледа е намалена. Немирната површина на водата ствараат брзо менување на прекршувањето на светлината и светлосната рефлексија па штуката има помалку време за реакција. Тука веќе моче да се игра со мамците и боите на истите.
Во устата на штуката има 700 заби па може да се каже дека е одлично наоружана.
[ img ]

Меѓутоа, ловени се и штуки без ниту еден заб. Во устата на штуката се разликуваат долги заби, кој служат за да го зграбчат пленот и мали заби кој се свртени навнатре, према ждрелото на штуката и кој служат да го придржат пленот и да не му дозволат негово лесно бегање. Интересно е што штуката ги менува старите и дотраени заби со нови.
Најголемиот непријател на штуката е таа самата. Штуката е канибал и многу често на нејзиното мени се и помалите риби од сопствениот вид.
[ img ]

Во Шведска постојат езера каде има само еден единствен вид на риба, се разбира штуката. Тука веќе неможат да избираат и сакаат или не мора да се исхрануваат само со сопствениот вид. Една штука од 12 кг. без проблем може да изеде штука од 8 кг.
Штуката може веќе со една година да биде потполно полно зрела. Најчесто тоа е случај кај мажјаците додека на женките им треба малку повеќе време. Сепак со 45.000 јајца на еден кг штука, госпожата штука е прилично продуктивна.
Капиталните штуки порано во годината се размножуваат од своите помали сродници. Со ова самата природа го надарила овој вид да биде помалку зависен од временските услови. Така ако некое екстремно лошо време ги уништи јајцата или ларвите на штуките кој први се измрестиле сепак втората тура на помладите штуки ќе го заврши успешно мрестот.

[ img ]

АвторCOLON  vice [Чет Maј 03, 2012 11:16 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дали сте знаеле дека :

UBAVI INFORMACII SASO :)

АвторCOLON  vasil [Чет Jун 07, 2012 8:01 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дали сте знаеле дека :

[ img ]

Абе и Ние знаеме по некоја штука да фатиме :mrgreen:

АвторCOLON  howitz [Чет Jун 07, 2012 11:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дали сте знаеле дека :

Така е, ова спининг форумот нешто ми се уќуте ќе мора да го раздвижиме малце :)

Eве им една од мене, убава :)

[ img ]

АвторCOLON  Keltan [Пет Jун 08, 2012 12:10 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дали сте знаеле дека :

Dali ste znaele deka . . .. stuki ima i Vrpsko :D 3.5 kg fatena na zivo ripce

[ img ]

АвторCOLON  dorosevski [Пет Дек 27, 2013 5:17 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дали сте знаеле дека :

Cudna rbota godinava vo Mariovsko nitu edna ne fativme. Lani imase premnogu a godinava nemase ni za lek. Sto mozi da e problemov? Da ima migrirano? Da e izlovena?

АвторCOLON  Zoki rib.prikazni [Пет Дек 27, 2013 5:43 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дали сте знаеле дека :

slegla vo tikves....

АвторCOLON  martinMK [Саб Дек 28, 2013 12:01 am ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Дали сте знаеле дека :

Екстра инфо.. :NotWorthy:

Ова е втора риба што би ја ловел после крап..

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/