www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Maр 29, 2024 4:21 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS56789»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кирилица
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 27, 2012 12:47 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
krste1978 НапишиCOLON
Stole, Volcko, howitz аууууууууууууууу све на латиница.
:oops: :oops: :oops: :oops: :oops:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кирилица
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 27, 2012 6:03 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
krste1978 НапишиCOLON
Волчко ова е интернационален форум има членови од сегде
Така е Крсте , но во сите форуми им е дозволено на членовите кои се од страна да пишуваат на своето писмо дури и на својот јазик.
Во темава не станува збор за наметнување на правило кое мора да се спазува, зборуваме за препорака да се пишува на Кирилица, ништо повеќе. Не разбирам зошто мора да се споредува со тоа како е кај мене , кај тебе или кај трет.
Како што гледаш и Јас не пишувам со Бугарско писмо или Латиница , ретко на Латиница кога сум на работа.
Поубаво изгледа форумот ама Вие како сакате.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кирилица
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 27, 2012 11:00 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Probav 3 pati i jok be brate ne pali toa na mojot SKAPAAAAAAAAAAAAAAAAAAN kompjuter.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кирилица
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 27, 2012 11:27 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
limun75 НапишиCOLON
هآآلاخغئشبكطلقغ هفثضئؤىابك وزجلأآلإ٤٢آأأ

Може на овој јазик.. :?: :lol: :lol: :lol:
Ти да си го смениш црниот...:lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: гледај што те научил, барај Афроамериканец :lol: :lol: :lol: бар ќе пишуваш латиница.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кирилица
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 27, 2012 11:37 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:11 pm
МислењаCOLON819
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
по упатството на Филип ја наредивме работава :D

_________________
www.ribar.com.mk


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кирилица
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 27, 2012 11:38 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
Изгледа ке мора да ставиме модератор по македонски јазик и литература .На кој ке му биде задача да расвфрлува точки ,запирки,прашалници,наводници и други ИНТЕРПУНКЦИСКИ знаци
по постовите каде што ке фалат. :)

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кирилица
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 27, 2012 11:41 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСаб Maј 07, 2011 8:16 pm
МислењаCOLON1249
ЛокацијаCOLONБогданци
Спирка ми помина еднаш тоа низ глава ама не пишав,модераторите да си ги поделат темите и коментарите на латиница да ги преведат и да стават интерпункциски знаци кај што фали :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кирилица
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 27, 2012 11:42 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Лектор Спиро, лектор е тоа, а не модератор !

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кирилица
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 27, 2012 11:47 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
Столе колектор или лектор не знам јас -ама за да буричкаш по постовите треба чин-МОДЕРАТОР.

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Кирилица
ТемаИспратеноCOLONВто Maр 27, 2012 12:15 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 05, 2011 11:14 pm
МислењаCOLON247
ЛокацијаCOLONBitola
Македонски на латиница

Секогаш кога можеш, користи го кириличното писмо за пишување на македонски. Но, на истиот начин како што туѓите имиња и непреведливи зборови во текстови на македонски јазик ги запишуваме со кирилична транскрипција, се појавува потреба и македонските имиња да бидат запишани на латиница.

Најчесто тоа се случува при интернационална комуникација, на кој и да е странски јазик што користи латинично писмо. Освен тоа, во денешно време латиницата сѐ почесто е потребна за комуникација преку различни технологии кои немаат кирилична поддршка - испраќање СМС, пишување на „Фејсбук“, твитање или испраќање мејл од мобилен телефон итн.

Проблемот е во неунифицираноста на латиничната транскрипција, односно неусогласеноста меѓу учебникот по латиница, Правописот на македонскиот јазик и Советот за македонски јазик, како и шаренилото што се среќава во практичната примена.

Така, во учебникот за трето одделение, кога децата првпат се среќаваат со латиницата, сѐ уште стои старата српска/хрватска абецеда, која се користела во времето на поранешна Југославија.

Проблемот со оваа абецеда е тоа што специфичните букви:

ѓ, ќ, ч, ж, ш, ѕ, џ

ги предава со дијакритички (надредни) знаци:

ģ, ќ, č, ž, š, dz, dž.

Нејзината неприфатливост произлегува од фактот што не ги задоволува потребите на современата пишана електронска комуникација, односно преку компјутер, Интернет, мобилен... Овие знаци имаат статус на специјални, што значи дека не се дел од вообичаената тастатура ниту на компјутерите ниту на мобилните. Тоа, пак, значи дека, за да ги употребиш, во некои случаи е потребен дополнителен напор, додека во други е сосема невозможно. Единствено прифатливо од оваа транскрипција е предавањето на љ и њ со lj и nj.


Поради тоа, при латинична транскрипција, не можејќи да ги употребат дијакритичките знаци, луѓето сами ги поедноставуваат буквите:

g, k, c, z, s, dz


Многу често знакот c се среќава и за ц и за ч; знакот g и за г и за ѓ; k за к и за ќ, z за з, ѕ и за ж, s за с и за ш, додека џ се предава со dz. Резултатот е попара и само од ова мешање, бидејќи нема механизам како да се разликуваат буквите. Дали со kuka авторот сакал да каже куќа или кука; дали Tosevski се однесува на Тошевски или на Тосевски? Дополнителна забуна се создава и поради тоа што нема доследност во практичната примена на латиничната транскрипција: нашето ѕ еден ќе го предаде со z, а друг со dz; истовремено некој ќе го употреби dz за да го означи џ, кое може да се сретне и како dzh или dzj.

Правописот на македонскиот јазик, пак, вели дека, освен буквите со дијакритички знаци, може да се употребат и комбинации со j: gj, kj, cj, zj, sj, dz, dzj.

Третата варијанта е мешана, со комбинации со h и ј:

gj, kj, ch, zh, sh, dz, dj.

Иако ја користиме токму оваа латинична транскрипција, од причина што е најблиска до некои интернационални стандарди за предавање одредени гласови, без оглед на тоа од кој јазик доаѓаат, дури неодамна дознавме дека таа всушност била поднесена и како предлог за официјализирање. На истава тема пишува Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик во јазичното катче во весникот Време (благодарност до Јане Ѓорѓиоски за линкот). Во написот се вели дека уште во 2001 година во Билтенот на Советот за македонски јазик при Министерството за култура е објавена оваа предлог-транскрипција. Дали останало само на предлог или било донесено решение за или против, не ни е познато (веројатно не било).

Во секој случај, време е ова прашање да се затвори и латиничната транскрипција да се унифицира. Од веќе споменатите причини, ја предлагаме и ја препорачуваме третата варијанта, значи буквите gj, kj, ch, zh, sh, dz, dj.

За нејзино популаризирање и масовна примена, потребно е најпрво да се смени учебникот за трето одделение. Нема поента децата да учат нешто што не е во допир со времето, што им е наследено од некое поинакво општество и што никако не можат да го применат во иднина.

Второ, при следното препечатување на Правописот, да се направат измени на делот за латиничната транскрипција и да се прифати споменатиот предлог на Советот за македонски јазик од 2001 година.

И трето, Советот за македонски јазик да отвори своја интернет-страница, каде што ќе ги објавува ваквите и слични предлози, како и сите решенија што ги донесува. И секако, тие решенија да ги промовира гласно, зашто само така ќе допрат до голем број зборувачи на македонскиот јазик и ќе бидат прифатени.

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS56789»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum