www.ribar.com.mk
https://ribar.com.mk/forum/

еколошка катастрофа на акумулацијата Липа
https://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=104&t=4150
Страна 11

АвторCOLON  JaneMK [Вто Ное 12, 2013 8:33 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  еколошка катастрофа на акумулацијата Липа

http://sky.mk/makedonija/24980-izumrea- ... ijata-lipa

Изумреа два тони риба: Некој го отворил вентилот на акумулацијата Липа

Повеќе од 700 грла добиток останаа без вода за пиење, а изумреа и два тона риба од сортите крап и караш откако некој, од засега непознати причини, го отворил вентилот на браната Липа кај Неготино.

Водата од акумулацијата завршила во реката Вардар, а коритото од езерцето е претворено во голема каллива површина. За жителите од сите околни села ова е вистинска еколошка катастрофа и тие очекуваат брза и навремена интервенција на државните органи за пронаоѓање на виновникот и за санирање на штетите, јави ТВ Телма.

АвторCOLON  spiro_jas [Вто Ное 12, 2013 8:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: еколошка катастрофа на акумулацијата Липа

бре колкава мизерија од луге
- за ваквите не само затвор- него и да им се пресмета цела штета што е направена да неможат 5 генерации да доплатат :twisted:

АвторCOLON  robi-wolf [Вто Ное 12, 2013 9:14 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: еколошка катастрофа на акумулацијата Липа

nekoj sto gradel so godini samo lud covek moze da srusi se vo eden den katastrofa

АвторCOLON  Zoki rib.prikazni [Вто Ное 12, 2013 9:52 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: еколошка катастрофа на акумулацијата Липа

samo na balkanot ova go ima...

АвторCOLON  nikola [Сре Ное 13, 2013 3:03 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: еколошка катастрофа на акумулацијата Липа

Samo vo Makedonija i nema vinovnik e toa ti e toa

АвторCOLON  Bobi_Brada [Сре Ное 13, 2013 5:35 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: еколошка катастрофа на акумулацијата Липа

Што да помисли или каже човек за овакви постапки на поединци,
а притоа да остане културен, цивилизиран и пред се ЧОВЕК.

Во еден дел на светот овакви постапки остануваат неказнети поради
системот - правдата (законодавец не предвидел казни за овакви постапки
и поединци, бидејки ни на крај памет не му било дека може некој до толку
да биде неодговорен, непромислен, нецивилизиран . . . )

Во друг дел на светот исто така овие работи не се санкционираат. Или
нема закони, или поради интереси на поединци се се заборава, или . . .
Незнам што уште да помислам или да кажам.

Мислам дека ние не спаѓаме во тој ДРУГ дел на светот, но некако станувам
ПЕСИМИСТ по ова прашање.

ЖАЛНО :cray: :cray: :cray:

Страна 11 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/