www.ribar.com.mk
https://ribar.com.mk/forum/

Bait Boat ТИТАНИК-4 ( . . . Македонски Производи)
https://ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=102&t=2960
Страна 1616

АвторCOLON  spiro_jas [Пет Oкт 10, 2014 4:59 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Bait Boat ТИТАНИК-4 ( . . . Македонски Производи)

боби на проектот бр 5.
ако планираш да ставаш камера која би снимала под вода и ако истата ја поставиш некаде насредина (по вертикала со рачката) со некое кило отежнување на тој дел(да може да се ваѓа и клава по потреба)ке има можност и на бранови да го користиш без да се плашиш од превртување

тој испуштениот дел секогаш ке го врти бротчето во правилна форма


а за лого ке ти смислам некое, ама за цртање не ме бидува многу, ке мора некој да го убаво оцрта.

АвторCOLON  vasil [Пет Oкт 10, 2014 8:11 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Bait Boat ТИТАНИК-4 ( . . . Македонски Производи)

Боби ме интересира ако бродчето излезе од обхватот да далечинскиот управувач што со него, како си го решил тоа?
ПС. може и да си пишал за тоа

АвторCOLON  Bobi_Brada [Пет Oкт 10, 2014 8:49 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Bait Boat ТИТАНИК-4 ( . . . Македонски Производи)

Тоа и не е некој проблем иако не е за занемарување.

Порано користев телекоманда за автомобили и бродови, а на нејзе имаше можност за програмирање на оваква можност. Беше програмирана да намали гас на 25% и веднаш заврти во лево.

Моментално користам авио телекоманда со домет од 500 и повеќе метри така да нема опасност.

АвторCOLON  vasil [Пет Oкт 10, 2014 8:53 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Bait Boat ТИТАНИК-4 ( . . . Македонски Производи)

Поточно требаше да прашам што ако се распадне врската меѓу приемникот и предавателот, ќе заврти ли чамецот и да се врати назад?
Боби прашувам затоа што на последниот мој риболов екипата која беше од другата страна на езерото на двапати си го бараше чамецот по езерото, среќа што не е големо!
Добрите модели во ваков случај вртат и се вракат назад.

АвторCOLON  Bobi_Brada [Пет Oкт 10, 2014 9:27 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Bait Boat ТИТАНИК-4 ( . . . Македонски Производи)

Се е можно. Електроника. Може во момент да закаже, но мислам дека тоа е многу ретко. Поквалитетна опрема од реномиран производител и безбедноста е многукратно поголема, а разликата во цената не е голема.

Мислам дека телекомандата не е главен проблем за губење на модели - бродови туку напојувањето. Скоро сите бродови користат оловни акомулатори. Евтини но со мал капацитет. За ист габарит ако користат Li-Ion или Li-Polimer ке добијат неколкупати поголем капацитет. Проблем е цената. И таа е неколкупати поголема.

АвторCOLON  Mario [Нед Oкт 18, 2015 3:38 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Bait Boat ТИТАНИК-4 ( . . . Македонски Производи)

bravo bobi :D

АвторCOLON  Bobi_Brada [Нед Jул 09, 2017 2:36 pm ]
Наслов на мислењетоCOLON  Re: Bait Boat ТИТАНИК-4 ( . . . Македонски Производи)

ТИТАНИК-4 плови под Бугарско знаме

Страна 1616 Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited
https://www.phpbb.com/